Натпреварот против ЖКК Крива Паланка е архивиран. За баделки нема одмор. Во Среда продолжуваат возбудувањата во регионалната WABA лига.

Должност и обврска на најтрофејниот македонски женски кошаркарски колектив е достојна презентација на македонската женска кошарка како дома, така и на меѓународен план.

Баделки вечерва тргнуваат на пат за Бановиќи (Босна и Херцеговина), кадешто на 13.10.2021 година во 18:00 часот ќе атакуваат на првата победа во WABA лигата против домаќинот, РМУ Бановиќи. Психофизичката и техничко – тактиктичка подготовка е на максимално ниво. Кога на тоа ќе се додаде и победничката атмосфера во тимот, очекувањата за победа во Бановиќи се повеќе од реални.

💙💛 НА НАШИТЕ БАДЕЛКИ ИМ ПОСАКУВАМЕ СРЕЌЕН ПАТ И СЕКАКО ПОБЕДА ВО СРЕДА 💙💛

 

11.10.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862