Историјата се повторува! Традицијата продолжува!

Најтрофејниот женски кошаркарски колектив, ЖКК Бадел 1862, првиот освојувач на Купот на Македонија во далечната 1993-та година, ќе биде забележан и како прв освојувач на Супер купот. Ризницата на трофеи и достигнувања во женската кошарка станува се поголема и поголема.

ЖКК Бадел 1862 низ повеќе децениската успешна работа жнееше, жнее и ќе жнее успеси, успеси којшто промовираат константен квалитет во работата, работа којашто се базира на сериозен концепт и програма, работа којашто произведува репрезентативки во сите селекции,…..

Последниот успех на нашите баделки веќе е архивиран. Успехот е уште поголем, ако се земе во предвид дека е остварен после само еден подготвителен натпревар, после долги и напорни подготовки за новата сезона, сезона во којашто баделки ќе се борат на два фронта, регионален и домашен, во ритам Среда-Недела. Победата во Супер куп натпреварот ја зголеми и онака големата самодоверба кај баделки, победа којашто ќе претставува  дополнителен психолошки стимул пред претстојните натпревари во регионалната WABA лига против исклучително силни противници и секако во домашното првенство.

За сино-жолтиот тим нема одмор. Веќе во Среда, на 29.09.2021 година започнува турбо ритамот. На домашен терен, ќе ја угостиме извонредната екипа на Монтана 2003, од Бугарија, во рамките на првото коло од WABA лигата, Група Б.

На нашите баделки им посакуваме пред се многу здравје и што е можно подобро презентирање на македонската женска кошарка во регонални рамки.

💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ! 💙💛

27.09.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862