Подготовките завршија, новата сезона во женска конкуренција може да започне. ЖКК Бадел 1862 и ЖКК Баскет Кам, утре, 25.09.2021 година, ќе ги вкрстат копјата во рамки на Супер куп натпреварот.
Екипата од Македонска Каменица ќе настапи со комплетно изменет ростер во однос на претходната сезона и со нов тренер, додека баделки со речиси истиот ростер од минатата сезона, надополнет со Ивана Кметовска и Kaitlyn Mathieu.
Љубителите на кошарката ќе бидат во можност на дело да ги видат двете најквалитетни македонски екипи и воедно наши претставници во регионалната WABA лига.
Надмудрувањата помеѓу Стојановска, Трајчевска, Димитријевиќ и другарките од ЖКК Бадел 1862 против Алексиќ, Балтиќ, Поп Димитровска од страната на ЖКК Баскет Кам ќе бидат вистински тест за нивото на подготвеност и воиграност пред претстојниот почеток на регионалната WABA лига и домашното првенство.
Натпреварот ќе се одгра на 25.09.2021 година во СЦР Кале (голема сала), во 17:00 часот со директен пренос на МТВ3.
Судии на натпреварот ќе бидат Златевски, Јакова и Зафировски.
24.09.2021
ЖКК БАДЕЛ 1862