Завршува четири месечното мирување на кошаркарската топка. Во Сабота, 25.09.2021 година, со натпреварот од Супер купот помеѓу ЖКК Баскет Кам и ЖКК Бадел 1862 официјално започнува новата кошаркарска сезона.

Саботниот натпревар воедно ќе биде и генерална проба за двата тима пред почетокот на натпреварите во регионалната WABA лига.

Почетокот е закажан за 17:00 часот, со директен пренос на МТВ. Поради пандемијата со Ковид 19, натпреварот ќе се организира  според Протоколот за организирање на спортски натпревар во затворен простор.

Натпреварите во елитната, Прва А лига ќе започнат на 09.10.2021 година, кога според утврдениот распоред треба да се одиграат натпреварите од првото коло, во кое се среќаваат:

ЖКК Бадел 1862 – ЖКК Крива Паланка

ЖКК Баскет Кам – ЖКК Про Баскет

ЖКК МЗТ Скопје Аеродром – ЖКК Вардар

ЖКК Работнички – ЖКК Струга

 

22.09.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862