Започна одбројувањето до стартот на регионалната WABA лига, сезона 2021/2022. Екипите се веќе во завршната фаза од подготовките за новата сезона.

Оваа сезона Северна Македонија во WABA лигата ќе биде претставена со две екипи, ЖКК Бадел 1862 и ЖКК Баскет Кам.

Натпреварите од првото коло ќе се одиграат на 29/30.09.2021 година според претходно утврдениот распоред. Единствената принудна измена во распоредот е промената на домаќинот на натпреварот од Група Б, помеѓу Монтана 2003 и Бадел 1862. Поради Ковид мерките коишто се на сила во Бугарија, домаќин на натпреварот ќе биде Бадел 1862.

 

ГРУПА А

29.09.2021 година

17:00 Orlovi – Feniks

18:00 Basket Kam – Vojvodina 021

30.09.2021 година

17:30 Buduknost Bemax – Triglav

 

ГРУПА Б

29.09.2021 година

18:00 Partizan 1953 – Cinkarna Celje

18:30 RMU Banovici – Plamen Pozega

19:00 Badel 1862 – Montana 2003

 

На сите екипи учеснички во годинешната WABA лига им посакуваме многу здравје и спортска борба на кошаркарските терени.

 

21.09.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862