Денес, во Градската општа болница 8-ми Септември, под водство на Д-р Несторовски беше извршен успешен оперативен зафат на предниот вкрстен лигамент на нашата млада кошаркарка, Ања Даниловска.
Ања Даниловска (16), нашата кадетска репрезентативка, се повреди на натпреварот против Грузија на Челинџерот во Тбилиси, Грузија, натпреварување на коешто се закити со златниот медал.
Постоперативно, Ања се чувствува одлично. Следи период на рехабилитација од 8-9 месеци до повторното враќање на кошаркарските терени. Нашата Ања ќе ја добие и оваа битка!
Целосна поддршка, со најискрени желби за успешно закрепнување од раководните структири на ЖКК Бадел 1862, тренерите, кошаркарките…! 💙💛
07.09.2021
ЖКК БАДЕЛ 1862