После вчерашниот дебакл од Словенија, вечерва нашите репрезентативки одиграа одличен натпревар против селекцијата на Бугарија, натпревар којшто несреќно го загубија со резултат 64:55 (22:18, 16:11, 11:17, 15:9).
Големо браво за девојките, којшто собраа сили после вчерашниот дебакл и одиграа извонреден натпревар против селекцијата на Бугарија. Кога се ќе се собере и одземе, ако се земат во предвид случувањата во последните 4-5 минути од натпреварот, минути во којшто влеговме со негатива од 4 поени, поразот од 9 поени дури е и превисок. Остваривме предност под кошевите (48 наспроти 47 скока), противникот имаше и повеќе грешки (20:19),…..Нијанси му пресудија на конечниот резултат.
Ова беше натпревар којшто треба да ја врати вербата во нашата У18 репрезентација, вербата дека крајот на натпреварувањето ќе го дочекаме со евентуални две победи во последните две кола, против селекциите на Албанија (Сабота) и Швајцарија (Недела).
Одличен натпревар одигра Ива Чолакоска со 22 постигнати поени, Марија Димитријевиќ постигна 13 поени, асистираше 8 пати а оствари и 8 скока.
Кај победникот, репрезентацијата на Бугарија, стандардно за овој турнир, најдобри поединки беа Deana Stoyanovska со 22 поени и Iliyana Gorgieva со 20 поени.
Претходно, во Групата Д, репрезентацијата на Словенија ја совлада селекцијата на Швајцарија со резултат 65:34, додека репрезентацијата на Украина забележа победа против Албанија со резултат 85:35.
ДЕВОЈКИ, ГЛАВАТА ГОРЕ!
ОДИМЕ НА ПОБЕДА НА СЛЕДНИТЕ НАТПРЕВАРИ!
29.07.2021
ЖКК БАДЕЛ 1862