Репрезентацијата составена од кошаркарки до 18 годишна возраст утре ќе отпатува во Софија (Бугарија), кадешто во период од 27.07 – 01.08 учествува на FIBA U18 European Challenger – Група Д, заедно со репрезентациите на Словенија, Украина, Бугарија, Швајцарија и Албанија.

Селекторот Јелена Антиќ, заедно со помошниците Славица Наков и Благоја Труфуновски, во изминатите 30-тина дена напорно работеа со своите избранички, како на полето на физичката подготвеност, така и на техничко – тактичката подготовка на репрезентативките.

Среќен пат, добра игра, ладни глави и успех во натпреварувањето против реномираните противници од срце им посакуваме на: Марија Димитријевиќ, Мартина Блажевска, Рина Салиу, Христина Ставревска, Стефани Цветановска, Мартина Марковска, Нина Зафирова и останатите другарки од репрезентацијата, како и на Стручниот штаб на репрезентацијата!

НАПРЕД ВО НОВИ ПОБЕДИ!

24.07.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862