Како последица на откажувањето на ЖКК Берое (Бугарија), денес раководството на WABA лигата изврши ново ждребување за сениорската 2021/2022 сезона. Вкупно 12 екипи ќе бидат распоредени во 2 групи (А и Б) од по 6 екипи.

Група А

ЖКК Будуќност Бемакс

ЖКК Орлови

ЖКК Баскет Кам

ЖКК Феникс

ЖКК Војводина 021

ЖКК Трглав

 

Група Б

ЖКК Монтана 2003

ЖКК Цинкарна Цеље

ЖКК Бадел 1862

ЖКК РМУ Бановиќи

ЖКК Партизан 1953

ЖКК Пламен Пожега

 

Натпреварувањето ќе започне на 29.09.2021 година.

На ЖКК Бадел 1862 му претстои пеколен старт. Во првото коло на гостински терен ќе се сретне со одличната екипа на ЖКК Монтана 2003, додека во второто коло на деомашен терен ќе ја пречека екипата на ЖКК Цинкарна Цеље. Вториот македонски претставник во WABA лигата, екипата на ЖКК Баскет Кам, своето деби на јадранската конкуренција ќе го има на домачен терен против екипата на ЖКК Војводина 021.

 

22.07.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862