Во период од 27.07 – 01.08.2021 година во Софија, Бугарија ќе се одржи FIBA U18 European Challenger. Нашата репрезентација ќе настапи во Групата Д заедно се репрезентациите на Словенија, Украина, Швајцарија, Албанија и домаќинот Бугарија.

Подготовките за овој настап влегуваат во финалната фаза. Селекторот Јелена Антиќ, заедно со помошниците Славица Наков и Благоја Трифуновски го користат последните денови пред заминувањето за Бугарија за тактичко воигрување на нашите репрезентативки. Селекцијата е составена од кошаркарки до 18 годишна возраст и во Софија ќе атакува на што подобар пласман.

На нашите репрезентативки им посакуваме успех и добар пласман на FIBA U18 European Challenger – от!

 

20.07.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862