Репрезентацијата на Словачка во дерби натпреварот од Групата Е ја совлада репрезентацијата на Романија со резултат 74:52 (19:14, 14:12, 17:16, 24:10). Со оваа победа Словачка остана единствената непоразена екипа во Групата Е.

Во првиот денешен натпревар репрезентацијата на Луксембург ја совлада соодветната селекција на Косово со резултат 91:57 (28:20, 23:12, 22:16, 18:9).

Утре е слободен ден за сите селекции, а возбудувањата ќе продолжат во Сабота со натпреварите од претпоследното коло:

17.00     Романија – Косово

21.00     Северна Македонија – Словачка

 

15.07.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862