Сениорската репрезентативка Ивана Кметовска е нов член на ЖКК Бадел 1862.
После едногодишно отсуствто, а во пресрет на новата 2021/2022 сезона, Ивана Кметовска се врати во сино-жолтата фамилија. Со својот квалитет и искуство, Ивана ќе биде големо засилување за нашиот сениорски тим во пресрет на настапите во Јадранската WABA лига, како и во домашното првенство.
Потписот на Ивана Кметовска е прв во низата планирани засилувања, за што поконкурентен ЖКК Бадел 1862 во настапите на меѓународната сцена.
Најквалитетниот и најтрофеен женски кошаркарски колектив, ЖКК Бадел 1862, со своите настапи и делување во претстојната сезона очекуваме да го даде својот максимален придонес кон подигнување на квалитетот на женската кошарка, популаризација на овој спорт помеѓу младата популација, како и во процесот на воспоставување на критериуми и стандарди за напредок на женската кошарка во целина.
💙💛 ЗА НАШАТА ИВАНА 💙💛
15.07.2021
ЖКК БАДЕЛ 1862