Женската кошаркарска репрезентација за кошаркарки до 20 годишна возраст од утре, 13.07, до 18.07.2021, ќе настапи на FIBA U20 European Challenger.
Нашата репрезентација првиот напревар ќе го одиграат на 13.07. во 21.00 часот во СРЦ Кале против соодветната селекција на Луксембург.
Селекторот Саша Димитријевиќ, заедно со помошниците Анета Глигорова и Бранко Крстевски, честа да го носат репрезентативниот дрес им ја укажаа на Сара Максимовска, Наталија Секуловска, Елена Тасевска, Тијана Митрева, Стефани Костова, Теона Поп Стојанова, Катерина Поп Димитровска, Матеа Николиќ, Камелија Игњатова, Амина Личина, Марија Устијаноска и Елијана Христи Граматикова.
Во изминатите 3 недели нашите репрезентативки поминаа низ период на интензивни подготовки, период којшто се искористи за што подобра техничко – тактичка подготовка на екипата.
Девојки, Ви посакуваме успешен настап на FIBA U20 European Challenger!
И покрај тоа што натпреварите ќе се играат пред празни трибини (поради пандемијата со Ковид 19), Ви ја даваме целосната подршка за што подобра претставување на FIBA U20 European Challenger.
12.07.2021
ЖКК БАДЕЛ 1862