Во текот на месец Јули и Агвуст ќе се одржат FIBA European Challengers 2021, како замена за традиционалните европски првенства во соодветните категории за кошаркарки.

Прва на сцената ќе се појави женската репрезентација до 20 годишна возраст на FIBA European Challenger 2021, којшто ќе се одржи од 13-18.07.2021 во Скопје.

Селекцијата до 18 гидишна возраст ќе настапи на FIBA European Challenger 2021 во период од 27.07 – 01.08. 2021 во Софија (Бугарија).

Селекцијата до 16 годишна возраст ќе настапи на FIBA European Challenges 2021 којшто ќе се одржи во Тбилиси (Грузија) во период од 09-14.08.2021 година.

Најмладите, селекцијата до 14 годишна возраст во текот на месец Август ќе настапи на традиционалниот Словенија бол, во Словен Градец (Словенија).

Подготовките за овие настапи се во тек. На сите наши кошаркарки им посакуваме многу здравје, добри подготовки и успешен настап на меѓународната сцена.

 

04.07.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862