Успешна, но многу тешка и мачна беше сезоната 20/21 за младите баделки….има тренинзи, нема тренинзи, нема натпревари, има Ковид 19, нема тренинзи, нема ниту најава за натпревари, изолации, безброј тестирања во интерес на здравјето како на нашите млади кошаркарки, така и во интерес на здравјето на нивните родители, семејства,….зачинето со безброј повреди…..Тоа е личната карта на сезоната 20/21.
Се чекаше до месец Јуни…и чекањето се исплатеше!
Најмладите баделки, кошаркарките до 14 годишна возраст, беа во најголемо исчекување, кога/дали воопшто ќе одиграат официјален натпревар….Обезбедија пласман на Ф4, турнир на којшто со победата над ЖКК Крива Паланка се закитија со бронзен медал. Голем успех на нашите баделчиња!
Нашите кошаркарки до 16 годишна возраст, исто така со голем успех се претставија на годинешното натпреварување. Ги поминаа супериорно елиминациските натпревари, обезбедија пласман на Ф4, обезбедија пласман во големото финале, за на крај да се закитат со сребрениот медал.
Сино – жолтите баделки до 18 годишна возраст се нашите златни баделки. Супериорни, доминантни.…за да стигнат до златниот медал, според желбата на ждребот, мораа да ги совладаа сите, ама баш сите екипи коишто нешто значат во М18 конкуренцијата. Во елиминацискиот дел го одиграа натпреварот против ЖКК Вардар, натпревар којшто за многумина беше финале пред финалето….натпревар којшто баделки го добија со 55:49…. На патот до Ф4 пред налетот на баделки настрада и ЖКК Трокал (53:28).
Во полуфиналниот натпревар сино – жолтите доминантно ја совладаа екипата на ЖКК Крива Паланка, а во големото финале, сино – жолтата фурија не и даде ниту промил шанса на ЖКК Струга, за голема победа и златен медал во соодветната М18 конкуренција.
💙💛 ЖКК БАДЕЛ1862 – ИНСТИТУЦИЈА 💙💛
26.06.2021
ЖКК БАДЕЛ 1862