Младинките на ЖКК Бадел 1862 се на чекор до освојување на шампионската титула во М18. Попладнево, сино-жолтите, во полуфиналниот натпревар славеа на екипата на ЖКК Крива Паланка со резултат 54:44.

Баделки во целост ја опрвдаа фаворитската улога во денешниот натпревар. И покрај несигурниот почеток во фазата на нападот, сино-жолтите до крајот на првата четвртина ги консолидираа своите редови, за 10:10. Почнувјќи од втората четвртина, па се до крајот на натпреварот, нашите младинки со се подобра игра во одбраната континуирано го зголемуваа своето водство до максимални +15, за конечни 54:44. Честитки за пласманот во големото финале, кадешто ќе се сретнат со екипата на ЖКК Струга, којашто во првиот полуфинален натпревар ја совлада екипата на ЖКК Шкупи со резултат 47:35.

Големото финале на програмата е во Недела, 20.06.2021, во 19:30 часот во СРЦ Кале (голема сала).

Претходно, во натпреварот за 3-то место, со почеток во 17:00 часот, ќе се сретнат екипите на ЖКК Шкупи и ЖКК Крива Паланка.

 

💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ! 💙💛

19.06.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862