Во Сабота, 19.06.2021 година, ќе се одиграат полуфиналните средби од разигрувањето за шампионската титула во младинската М18 категорија за кошаркарки.
Првата полуфинална средба ќе започне во 15:00 часот, ќе се сретнат екипита на ЖКК Шкупи (М18) и ЖКК Струга (М18). Натпреварот ќе со судат Ѓоргиев и Ангелов. Делегат – Донев.
Вистинско дерби ќе биде вториот полуфинален натпревар. Со почеток во 17:30 часот, екипите на ЖКК Крива Паланка (М18) и ЖКК Бадел 1862 (М18) ќе ги вкрстат копјата за пласман во големото финале. Младинките на ЖКК Бадел 1862, максимално мотивирани и подготвени влегуваат во натпреварот, којшто треба да го трасира патот до највисокото место на победничкиот пиедестал. Очекуваме извонреден натревар и победа на младинките на најтрофејниот женски кошаркарски колектив. Натпреварот ќе со судат Ѓоргиев и Ангелов. Делегат – Донев.
Полуфиналните средби ќе се одиграат во СРЦ Кале (голема сала). Линковите за LIVE STREAM ќе бидат дополнително објавени на www.wbcbadel1862.com.mk
💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ! 💙💛
18.06.2021
ЖКК БАДЕЛ 1862