Заврши кошаркарското првенство за кошаркарки до 16 годишна возраст. Во големото финале екипата на ЖКК Крива Паланка ја совлада екипат на ЖКК Бадел 1862 со резултат 72:67, со што ја освои титулата државен првак.

Вистинско финале на две квалитетни екипи. Младите баделки натпреварот го отворија во грч, што резултираше со несигурна игра и многу грешки, што беше максимално искористено од страна на кошаркарките на ЖКК Крива Паланка, којашто беше во континуирано водство. Во второто полувреме, баделки ја консолидира играта и од минута во минута ја намалуваа големата предност на ЖКК Крива Паланка.Вистинска драма се случуваше во последните 2-3 минути од натпреварот, сино-жолтиот тим дојде на -2 (69:67). После неколку брзоплето неискористени напади, следуваше казна во последните моменти од натпреварот, за финални 72:67. Честитки за екипата на ЖКК Крива Паланка за победата и освоената титула.

Во натпреварот за 3-то место екипата на ЖКК Вардар ја совлада екипата на ЖКК Трокал со резултат 66:56.

ЖКК Бадел 1862 на сите кошаркарки до 16 годишна возраст им честита за упорноста, желбата, за целокупната работа во оваа Ковид сезона со желба за многу здравје, успех и напредок во следната натпреварувачка сезона.

 

16.06.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862