Кошаркарките на ЖКК Бадел 1862 во категоријата до 16 годишна возраст, во полн состав и 100 % подготвени го очекуваат годинешниот Ф4/М16.

Походот кон финалето и борбата за шампионската титула, сино-жолтиот тим ќе го започне утре, 15.06.2021 година, против соодветната екипа на ЖКК Трокал од Кавадарци. Ќе биде тоа натпревар во којшто младите баделки влегуваат максимално мотивирани, со изразена желба за победа и пласман во големото финале.

Натпреварот ќе се одигра во СРЦ Кале (голема сала), со почеток во 17:30 часот.

Љубителите на женската кошарка натпреварот ќе можат да го проследат преку LIVE STREAM , а линкот за истиот ќе го објавиме дополнително. Во вториот полуфинален натпревар ќе се сретнат екипите на ЖКК Крива Паланка и ЖКК Вардар, со почеток во 15:00 часот.

💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ! 💙💛

14.06.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862