Денешната сино-жолта сторија е посветена на нашата репрезентативка, извонредната

НЕНА ТРАЈЧЕВСКА (77)

Еден од главните столбови во нашата игра, вистински професионалец, како на тренинзите, така и на натпреварите, мотиварот и кошаркарка со исклучително позитивно влијание кон соиграчите, на терен и надвор од него. Спремна секогаш да даде 100% во интерес на тимот, во интерес на напредокот на тимот. Вистински пример за младите баделки, соиграч-коректор-мотиватор-идол.

Во Супер лигата одигра 6 натпревари со дабл-дабл ефект, постигнувајќи во просек по 20.2 поени, 11.2 скока/натпревар, 4.7 асистенции/натпревар, 3 украдени топки/натпревар,…..за просечен индекс на корисност од 31.

Во Плеј оф завршницата одигра 5 натпревари со дабл-дабл ефект, постигнувајќи по 13.2 поени/натпревар, 10.4 скока/натпревар, 3.8 асистенции/натпревар, 2.8 украдени топки/натпревар,….за просечен индекс на корисност од 24.

Нашата Нена и во следната сезона ќе биде дел од сино-жолтиот сениорски тим, којшто ќе атакува на двојната круна во домашното првенство и висок пласман во Јадранската WABA лига

💙💛  НАКЛОН ДО ПОД, НЕНА  💙💛

 

11.06.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862