По пауза од шест дена продолжуваме со претставување на нашите хероини во Баделовиот Серијал. Седмото прдолжение посветено е на нашата репрезентативка, единствената

ЦВЕТАНКА ДИМОВА (12)

Бескомпромисен борец во одбрана и напад, кошаркарка со оргомно срце, кошаркарка за сите позиции во тимот, кошаркарка којашто ги собира сите одбиени топки како под својот, така и под противничкиот кош, дисциплинирана, 100% посветена на тимот, како на тренинзите така и на натпреварите….Ова е краткиот опис за Цветанка Димова.

Да не се случеше повредата на скочниот зглоб пред почетокот на финалната серија од Плеј оф натпреварите, со оглед на сите услови коишто оваа година ги диктираше Ковид 19, нашата Цеце ќе комплетираше извонредна сезона.

Во Супер лигата одигра 4 натпревари, постигна 64 поени, забележа 35 скока, 8 асистенции, 10 украдени топки, 2 блокади….за просечен индекс на корисност од 25.

Поради повредата на скочниот зглоб, во Плеј оф завршницата одигра само 1 нецелосен натпревар (полуфиналето со ЖКК Крива Паланка, кога се здоби со повредата), на којшто запиша 12 поени, 7 скока,….

Дисциплинираната и психолошки силна Цеце ќе се врати на есен уште посилна и заедно со останатите другарки ќе го предводи сино-жолтиот тим во походот кон двојната круна во домашното првенство и висок пласман во Јадранската WABA лига!

💙💛  ЕДНА ЗА СИТЕ, СИТЕ ЗА ЕДНА  💙💛

 

10.06.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862