Тренерот на младите баделки, Анета Глигорова, ќе биде дел од Стручниот штаб на женската кошаркарска репрезентација М20, заедно со селекторот Саша Димитријевиќ и кондицискиот тренер Бранко Крстевски.

Во досегашната тренерска кариера, Анета Глигорова била селектор на женските кошаркарски репрезентации М16 (2016), М18 (2017), помошник на селекторот М18 (2019), тренер на голем дел од селектираните кошаркарки.

Женската кошаркарска репрезентација М20 на 14.06.2021 година ќе ги започне подготовките за FIBA European Challengers 2021 кој ќе се одржи од 13-18 јули, во Скопје. На поширокиот список се наоѓаат следните кошаркарки:

Сара Максимовска – ЖКК Бадел 1862

Марија Димитријевиќ – ЖКК Бадел 1862

Наталија Секуловска – ЖКК Бадел 1862

Катерина Поп Димитрова – ЖКК Баскет КАМ

Камелија Игњатова – ЖКК Баскет КАМ

Јана Јазаџиевска – ЖКК Работнички

Габриела Модева – ЖКК Струга 2009

Албина Плакај  – ЖКК МЗТ Скопје Аеродром

Тијана Митрева – Италија

Ивана Кожобашиевска – Италија

Матеа Николиќ – Италија

Матеа Атанасовска – Италија

Елена Тасевска – Италија

Стефани Костова – Шпанија

Ана Цветковска – Шпанија

Теона Поп Стојанова – САД

 

10.06.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862