Во дерби натпреварот од второто елиминациско коло, во М16 категорија, кошаркарките на ЖКК Бадел 1862 ја совлада екипата на ЖКК Вардар со резултат 68:48 (21:6, 24:13, 5:18, 18:11).

Натпревар со две различни полувремиња. Ангажирана игра на баделки во првото полувреме за водство од 26 поени разлика и млака, неконцентрирана игра во второто полувреме. Сепак, младите баделки ја забележаа победата со којашто обезбедија пласман на Ф4 и борба за шампионската титула.

Најефикасни во редовите на ЖКК Бадел 1862 беа Марија Николов со 20 и Мила Џуковиќ со 19 поени.

💛💙 НАПРЕД БАДЕЛКИ! 💛💙

 

07.06.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862