Во натпревар од второто елиминациско коло, во М18 конкуренција, кошаркарките на ЖКК Бадел 1862 забележаа лесна победа против екипата на ЖКК Трокал со резултат 53:28 (21:3, 14:15, 6:4, 12:6).

Како и што се очекуваше, баделки без напор ја забележаа победата со којашто го официјализираа пласманот на Ф4. Уште од самиот почеток на натпреварот, баделки со сигурна игра во одбрана и напад, лесно стигнаа до предност од 18 поени уште во првата четвртина. Во продолжение на натпреварот, без поголем напор ја одржуваа и зголемуваа предноста, за конечна победа од 25 поени разлика.

Најефикасни во редовите на ЖКК Бадел 1862 беа Мартина Блажевска со 19 и Мартина Марковска со 11 поени.

💛💙 НАПРЕД БАДЕЛКИ! 💛💙

 

06.06.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862