Лесна победа на М16 екипата на ЖКК Бадел 1862 во првото елиминациско коло. Совладана е екипата на ЖКК Тетова Булс со резултат 81:30 (35:7, 21:6, 11:4, 14:13).
Во нерамноправен натпревар баделки лесно стигнаа до висока победа, којашто им ги отвори вратите на Ф4. Најефикасна во редовите на ЖКК Бадел 1862 беше Мила Џуковиќ со 16 поени, пред Дора Алексова и Марија Николов коишто забележаа двоцифрен поентерски учинок, постигнувајќи по 10 поени.
Баделки утре ќе се сретнат со соодветната екипа на ЖКК Вардар.
💛💙 НАПРЕД БАДЕЛКИ! 💛💙
05.06.2021
ЖКК БАДЕЛ 1862