Екипата на ЖКК Бадел 1862 го потврди своето учество во Јадранската WABA лига (Women’s Adriatic Basketball Association) за сезоната 2021/2022.

Учеството во ова регионално натпреварување ќе претставува дополнителна можност за Стојановска, Трајчевска, Адамовска, Димова и другарките за докажување на меѓународен план во натпреварите против реномирани екипи од калибарот на ЖКК Будуќност Бемакс, Берое, Цинкарна Цеље, Монтана, ….

Настапот во ова силно натпреварување ќе треба да резултира со подигнување на квалитетот на домашната женска кошарка и секако популаризација на кошарката кај помладите девојчиња.

31.о5.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862