Заврши годинешниот сениорски Плеј оф. Во четвртиот натпреват од финалната серија екипата на ЖКК Баскет Кам ја совлада екипата на ЖКК Бадел 1862 и со вкупен резултат од 3:1 ја освои шампионската титула.

ЖКК Бадел 1862 им ја честита освоената титула на кошаркарките на ЖКК Баскет Кам.

Баделки ја завршија оваа Ковид сезона на второто место. Завршија една малерозна сезона, полна со повреди, Ковид, изолации, што допринесе за тргни-застани тренажен и натпреварувачки ритам, завршија една сезона со крајно десеткуван тим, одиграа финална Плеј оф серија без три кошаркарки од првата петорка (Адамовска, Димова и Јоловиќ), на таа листа  на средина од првото полувреме од последниот натпревар се запиша и Максимовска,…….. Одиграа хероините на ЖКК Бадел 1862 неворојатно напорна финална серија со минимален број на кошаркарки.

АЛЕКСАНДРА СТОЈАНОВСКА,  НЕНА ТРАЈЧЕВСКА, САНДРА ЛАЗАРЕВСКА, САРА МАКСИМОВСКА, МАРИЈА ДИМИТРИЈЕВИЌ И ОСТАНАТИТЕ КОШАРКАРКИ НА ЖКК БАДЕЛ 1862 во текот на финалната серија срцето го оставија на терен, притоа демонстрирајќи врвен квалитет, неверојатна хемија, дисциплина во игра,….., а притоа мака мачеа со огромниот замор. Не е лесно секој трет ден на се игра во просек по најмалку 35 минути против интернационалниот состав на ЖКК Баскет Кам. Затоа, баделки ги заслужуваат сите почести и комплименти за прикажаното во финалната серија. Затоа среброто на вашите гради има златен сјај!

💙💛 НАКЛОН ДО ЗЕМЈА, БАДЕЛКИ! 💙💛

💙💛 ВИЕ СТЕ НАШИТЕ ХЕРОИНИ 💙💛

 

29.05.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862