Финалната серија од годинешниот Плеј оф е во егал, 1:1, после денешната победа на ЖКК Баскет Кам, со резултат 78:73 (14:15, 42:21, 14:24, 8:13).

Трите добиени четвртини се покажаа како недоволни за баделки да поведат со 2:0 во финалната серија.

Лошата втора четврина и минусот од 20 поени разлика на половина од натпреварот не ги поколеба баделки во второто полувреме да се борат за позитивен резултат. Со добра игра во одбраната во третиот период ја преполовија разиката на противникот. Кратката клупа (поради бројните повредени коаркарки) и заморот беа голема пречка за баделки во последниот период од натпреварот да направат комплетен пресврт. Честитки заслужуваат баделки за големата желба и карактер коишто го покажаа на денешниот натпревар.

Серијата во Среда се сели во Скопје, кадешто ќе се одигра третиот натпревар од финалната серија.

Баделки во изминатите два натпревари покажаа и докажаа дека можат да се издигнат високо над надвиснатите проблеми предизвикани од бројните повреди, покажаа и докажаа дека се тим со карактер, дисциплина во игра, тим со позивитна хемија и пред се со големо срце.

💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ! ВО СРЕДА ОДИМЕ НА 2:1! 💙💛

 

22.05.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862