Кошаркарките на ЖКК Бадел 1862 со победа ја започнаа финалната серија за шампионската титула. Вечерва, баделки го совладаа фаворизираниот и скапо платен тим на ЖКК Баскет Кам со резултат 64:60 (19:9, 19:15, 13:20, 13:16).

Уште од самиот почеток на натпреварот, баделки воспоставија доминација на теренот и од минута во минута со одлична игра во одбраната и нападот, ја зголемуваа предноста којашто на крајот од првото полувреме достигна 14 поени разлика.

Предводник во екипата на ЖКК Бадел 1862 беше репрезентативката Александра Стојановска, којашто натреварот го заврши со 34 постигнати поени, 12 скока и севкуен индекс 44. Нена Трајчевска, Сандра Лазаревска, Марија Димитријевиќ, Сара Максимовска, Наталија Секуловска на терен со максимално пожртвувана игра во текот на сите 40 минути не му оставија простор на противникот да се надева на успех во овој натпревар.

Победата на ЖКК Бадел 1862 добива огромна тежина ако се земе во предвид дека на натпреварот настапија без повредените Сања Адамовска, Цветанка Димова и Драгана Јоловиќ.

Баделки на овој натпревар покажаа и докажаа дека и покрај сите малери коишто ги следат оваа натпреварувачка Ковид сезона, ако се игра со срце, со максимална дисциплина и пожртвуваност во текот на сите 40 минути, успехот е загарантиран.

Со оваа победа ЖКК Бадел 1862 поведе со 1:0, во финалната серија до 3 победи и ја задржа предноста на домашниот терен.

*** 💙💛 НАПРЕД БАДЕЛКИ, ГО ОСТАВИВТЕ СРЦЕТО НА ТЕРЕН! ПОКАЖАВТЕ КАКО СЕ САКА И ПОЧИТУВА ПЛАВО-ЖОЛТИОТ ДРЕС! 💙💛 ****

1905.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862