Познат е терминот за одигрување на првиот натпревар од финалето на годинешниот Плеј-оф во женската сениорска конкуренција. Во Среда, 19.05.2021 година, со почеток во 19:00 часот,  во спортската сала Независна Македонија во Скопје, ќе се одигра првиот натпревар во борбата за шампионската титула.

ЖКК Бадел 1862 и ЖКК Баскет Кам ќе ја започнат трката до 3 победи во најмногу 5 натпревари. Љубителите на женската кошарка и пошироката јавност ќе имаат можност да го проследат најдоброто од домашната женска кошарка.

Од натпреварот обезбеден е LIVE STEAM, а линкот ќе биде достапен во текот на утрешниот ден.

Првиот натпревар ќе го судат Цветаноски, Червенка и Данев.

17.05.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862