Викендот што е зад нас се одиграа натпреварите од Плејаут конкуренцијата. Борбата за првите две места коишто водат во Првата лига станува се поинтересна и понеизвесна. ЖКК Шкупи со гостинската победа над ЖКК МЗТ Скопје Аеродром со резултат 57:56 му се доближи на истоимениот тим на една победа. Избраничките на Кире Атанасоски, екипата на ЖКК Гостивар, во Куманово ја совлада истоимената екипа со резултат 48:38. Екипата ЖКК Трокал во кавадаречкото дерби го совлада тимот на ЖКК Про Баскет со резултат 57:52, победа со којашто ги задржа шансите за пласман на едно од местата што водат во Првата лига. Плејаут возбудувањата продолжуваат следниот викенд.

10.05.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862