Со големо внимание се следи ситуацијата со Ковид-19 во сите држави коишто имаат учеснички во WABA младинските лиги. Моменталната ситуација е сеуште неповолна, меѓутоа има сигнали дека полека се  создаваат услови за одвивање на активностите, согласно на што сме оптимисти дека ќе се создадат услови за тренажните и натпреварувачки активности да продолжат. Доколку во следните 15-20 дена се укаже можност за продолжување на натпреварувањето по групи, веднаш ќе се прејде на нивна организација.

Доколку Ковид-состојбата не се подобри до крајот на Јуни, продолжетокот на натпреварувањето ќе се одржи во Септември.

Намерата е новата сезона во WABA U17/U15 да започне во Октомври.

 

09.05.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862