Кошаркарките на ЖКК Бадел 1862 во првиот полуфинален натпревар од Купот Благоја Георгиевски Буштур, ја совладаа екипата на ЖКК Крива Паланка со резултат 77:56. Со оваа пебеда баделки седми пат по ред обезбедија пласман во финалето на Куп натпреварувањето.

Доминираше искусниот тим на ЖКК Бадел 1862 во текот на сите 40 минути, со цврста игра во одбраната и лесни поени од контри и полуконтри постојано зголемувајќи ја резултатската предност.

Најефикасни во редовите на ЖКК бадел 1862 беше Александра Стојановска со 21 поен, Цветанка Димова 20 и Сандра Лазаревска со 10 поени.

Свое видување на натпреварот имаа и тренерите на двете екипи, Перо Стамевски и Мирослав Ивановски.

Перо Стамевски, тренер на ЖКК Бадел 1862
„Прво би сакал да им честитам на моите девојки за прикажаната игра како и на екипата на Крива Паланка која пружи достоен отпор за полуфиналето. Што се однесува до нашата игра, испочитувавме некои работи, некои работи дојдоа после со опуштањето, почнавме да мислиме на финалето, но сепак мислам дека добро го завршивме натпреварот. Мислам дека второто полуфинале ќе биде крајно неизвесен натпревар. Кого и да кажам дека ќе биде финалист би било неблагодарно. Очекувам двете екипи да дадат максимум“.

Мирослав Ивановски, тренер на ЖКК Крива Паланка
„Што се однесува до нашиот натпревар, првото полуфинале, пресудно беше искуствто и возраста. Би сакал да им ја честитам победата на Бадел 1862. Да не се повторуваме, ние сме една од најмладите екипи воопшто во првенството така што ова што сме сепак сме дел од оваа завршница на Купот на Македонија е еден голем успех. Тука нема да застанеме, одиме чекор по чекор и следно за нас е плејофот. Ова е нормално еден голем мотив за нас да продолжиме понатаму. Желни сме за победи и мислам дека ќе прикажеме една добра игра и ќе имаме добра завршница до крајот на сезоната“.

Противник на ЖКК Бадел 1862 во финалето ќе биде победникот од натпреварот помеѓу екипите на ЖКК Баскет Кам и ЖКК Вардар.

Финалниот натпревар е на програмата во Сабота, 08,05,2021 во 17:00 часот.

07.05.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862