Во Вторник, 04.05.2021 година ќе се одиграат натпреварите од 6-тото Суперлигашко коло. Во Скопје, во салата Независна Македонија, со почеток во 18:00 часот ќе се одигра супер-дерби натпреварот којшто треба да одреди која екипа ќе стартува во Плејофот од пол позицијата, ЖКК Бадел 1862 или ЖКК Баскет Кам, додека на останатите два натпревари ќе се одлучува која екипа ќе биде последниот учесник во годинешниот Плејоф, ЖКК Работнички или ЖКК Крива Паланка. Натпреварите ќе се одиграат по следниот редослед:

04.05.2021, 16:00 ЖКК Струга – ЖКК Крива Паланка

04.05.2021, 18:00 ЖКК Бадел 1862 – ЖКК Баскет Кам

04.05.2021, 18:30 ЖКК Вардар – ЖКК Работнички

Согласнио одлуката на КФСМ, од натпреварите обезбеден е LIVE STREAM.

 

 

02.05.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862