Во рамките на второто коло од Супер лигата, кошаркарките на ЖКК Бадел 1862 ја забелажаа втората победа. Попладнево, баделки ја совладаа екипата на ЖКК Крива Паланка со резултат 77:41 (16:10, 22:12, 25:10, 14:9).

Во итересен натпревар, кошаркарките на ЖКК Бадел 1862, значајно ослабени поради отсуството на Јоловиќ, Димова, Димитријевиќ и во поголем дел од натпреварот без Адамовска, ја остварија втората победа во Супер лигата. Најдобри поединци на натпреварот беа Трајчевска со постигнати 24 поени, 7 скока и 7 асистенции и Стојановска со дабл-дабл учинок, 21 поен и 13 скокови а оствари и 6 асистенции. Адамовска постигна 10 поени, Даниловска 9, Лазаревска 7, Блажевска 4 и Максимовска 2 поени.

Во редовите на ЖКК Крива Паланка, посебно се истакнаа Петревска со 14 поени и 6 скока и Марјановиќ со 12 поени и 13 скока.

14.04.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862