Позади нас е повеќе од успешен виденд. Кошаркарките на ЖКК Бадел 1862, во две различни конкуренции извојуваа две убедливи победи.

Сениорките излегоа на мегдан на екипата на ЖКК Струга во Струга. Во натпревар во којшто победата на баделки во ниту еден момент не беше доведена во прашање, избраничките на Перо Стамевски ја одиграа својата препознатлива игра и рутинирано дојдоа до убедли триумф од 43 поени разлика. Баделки со оваа победа го задржаа 100% ефект во групната фаза од годинешното првенство и уште еднаш докажаа дека се најсериозен кандидат за шампионската круна.

Покрај сениорките, викендов, по пауза од една година, на мегдан излегоа и младинките до 16 годишна возраст. На домашен терен, младинките на ЖКК Бадел 1862 ја пречекаа екипата на ЖКК Тетова Булс. Избраничките на Анета Глигорова, предводени од Николов и Даниловска, на стартот од годинешното првенство, го демонстрираа својот квалитет и дојдоа до убедлива победа од 75 поени разлика. Победа којашто треба да претставува позитивен потстрек во пресрет на следните натпревари.

 

22.03.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862