По долгата едногодишна пауза, предизвикана од пандемијата со Ковид 19,  викендов започна натпреварувањето и во Младинската лига за кошаркарки до 16 години (М16).

Во натпревар од првото коло од Група Запад, младинките на ЖКК Бадел 1862 ја совладаа екипата на ЖКК Тетова Булс со резултат 100:25 (31:4, 31:2, 17:8, 21:11).

Најефикасна кај баделки беше Николов со 25 поени. Свој придонес во победата имаа и Даниловска со 18 поени, Ѓуковиќ со 12, Стојковска и Димковска по 10 поени, Алексова Д. и Алексова Л. со по 8 поени, Ѓоргиевска 5 и Алуловска 4 поени.

 

21.03.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862