Пред нас е возбудлив кошаркарски викенд. Сениорките на ЖКК Бадел 1862 финишираат во групната фаза од годинешното кошарското првенство.

Во Недела, 21.03.2021 година, во Струга, сениорките во борбата за првото место во Група Запад, влегуваат  како фаворити во натпреварот против ЖКК Струга. Наптреварот во којшто сино-жолтиот сениорски погон ја очекува 11-тата победа во 11-от натпревар започнува во 13.30 часот.

Овој викенд започнува и натпреварувањето во Младинската лига за кошаркарки до 16 години (М16). Младите “баделки” ќе се натпреваруваат во Група Запад, заедно со екипите на ЖКК Тетова Булс, ЖКК Про Баскет Пробиштип, ЖКК Вардар, ЖКК Струга и ЖКК Шкупи.

Премиерниот натпревар младите “баделки” ќе го одиграат во Недела, 21.03.2021 година, на домашен терен во спортската сала Независна Македонија, во 13.00 часот против екипата на ЖКК Тетова Булс. Натпреварот ќе може да се проследи и преку live stream, на линк којшто дополнително ќе го објавиме.

 

19.03.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862