Кошаркарките на ЖКК Бадел 1862 во 10-от натпревар од Група Запад ја забележаа 10-тата победа. Во спортската сала Независна Македонија, денес “баделки” ја совладаа екипата на ЖКК Струга со резултат 80:41 (20:9, 19:14, 12:8, 29:10).

Во натпревар во којшто преносот во живо се вршеше преку ново инсталираниот систем на “паметни камери” во рамките на проектот FIBA Connected Stadium, “баделки” стигнаа до убедлива победа, предводени од расположените Стојановска, којашто постигна 22 поени и Трајчевска со 20 поени.

Во листата на стрелците се запишаа и Димова со 11, Лазаревска 10, Адамовска 8, Максимовска 6 и Димитријевиќ со 3 поени.

Најефикасни во екипата на ЖКК Струга беа Лаковиќ со 17 и Спаиќ со 13 поени.

 

18.03.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862