Кошаркарките на ЖКК Бадел 1862 во деветтиот натпревар ја забележаа деветтата победа. На теренот во Чаир “баделки” ја совладаа екипата на ЖКК Шкупи со резултат 90:35 (27:10, 35:4, 16:7, 12:14).

Во натпревар во којшто тренерот Стамевски во голем дел од натпреварот им пружи шанса на младинките на ЖКК Бадел 1862, најефикасна беше Димова со 18 поени. Значаен придонес во победата имаа и Адамовска со 16, Блажевска со 14, Трајчевска со 9, Максимовска со 7, Лазаревска и Димитријевиќ со по 6 поени, Марковска, Глигорова и Стојановска со по 4 и Петрова со 2 поени.

Кај домаќинот, најефикасни беа Цури и Салиу со по 12 поени.

 

16.03.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862