Нова, осма победа на ЖКК Бадел 1862 во осмиот натпревар од Групата Запад. Во нерамноправен натпревар, во Кавадарци, кошаркарките на ЖКК Бадел 1862 ја совладаа екипата на ЖКК Трокал со резултат 87:18 (30:6, 30:5, 9:3, 18:4).

Нена Трајчевска своето деби во старо/новата средина го одбележа со 7 поени. Успешно враќање по едномесечната пауза имаше Цветанка Димова со 20 постигнати поени.

Најефикасна на натпреварот беше Стојановска со 23 поени. Свој придонес во победата дадоа и Марковска со 9, Максимовска со 7, Блажевска и Димитријевиќ со по 5 поени, Лазаревска и Николов сопо 4, Даниловска 2 и Цветановска 1 поен.

Кај екипата на ЖКК Трокал најефикасна беше Тодорова со 5 поени.

10.03.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862