Кошаркарките на ЖКК Бадел 1862 во седмиот натпревар ја забележаа седмата победа во рамките на Група – Запад.
Во нерамноправен натпревар, кошаркарките на ЖКК Бадел 1862 ја совладаа екипата на ЖКК Пантери со резултат 90:32 (30:6, 17:8, 29:6, 14:12).
Најефикасна во екипата на ЖКК Бадел 1862 беше капитенот Адамовска со 21 поен. Свој придонес во победата имаа и Лазаревска со 17, Николов 12, Максимовска 11, Даниловска 9, Маркоска 6, Стојановска и Блажевска по 4, Глигорова 3, Цветановска 2 и Димитријевиќ со 1 поен.
Кај екипата на ЖКК Пантери се истакна Личина со 18 поени.
06.03.2021
ЖКК БАДЕЛ 1862