Кошаркарките на ЖКК Бадел 1862 го задржаа 100% учинок во натпреварите од Првата лига, Група Запад.

Во Гостивар беша совладана екипата на ЖКК Гостивар со резултат 102:40 (29:11, 22:18, 25:4 , 26:7).

Натпреварот го одбележа враќањето на репрезентативката Александра Стојановска во дресот на ЖКК Бадел 1862, со 33 постигнати поени.

Свој придонес кон победата дадоа и Марковска со 17 поени, Димитријевиќ со 14 поени, Блажевска 8 поени, Максимовска 7 поени, Глигорова и Лазаревска со по 6 поени, Цветановска со 5 поени, Николов со 4 и Адамовска со 2 поени.

Кај домаќинот, екипата на ЖКК Гостивар, најефикасна беше Петреска со 15 постигнати поени.

05.03.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862