Младинките на ЖКК Бадел 1862 претпреа два порази во регионалната WABA U17 лига. Во првиот натпревар баделки беа поразени од врсничките од ЖКК Вардар со резултат 88:81, додека во вториот натпревар младинките на домаќинот на турнирот, екипата на ЖКК Крива Паланка, ги совладаа младите баделки со резултат 90:69.

И покрај големата желба за победа, баделки го платија цехот на големиот број на повредени кошаркарки, недоволно закрепнати и недостатокот на натпревари во изминатиот период, предизвикан од пролонгирањето на младинските натпреварувања поради кризата со Ковид 19.

На кошаркарките на ЖКК Вардар и ЖКК Крива Паланка им ја честитаме победата,со желба за успех и висок пласман во понатамошното натпреварување , а младите баделки продолжуваат понатаму со интензивна работа и подготовка за претстојниот старт на младинските лиги.

 

01.03.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862