Возбудлив викенд ги очекува љубителите на женската младинска кошарка. За првпат во историјата на истата, три екипи од Северна Македонија меѓусебно ќе ги одмерат силите во рамките на регионалната WABA U17 – Јадранска лига. Ждребот сакаше во оваа натпреварувачка сезона, екипите на ЖКК Бадел 1862, ЖКК Вардар и ЖКК Крива Паланка да се натпреваруваат во иста група. Поради скратениот систем на натпреварување, предизвикан од пандемијата со Ковид-19, меѓусебните натпревари ќе одлучат кои две екипи ќе продолжат да се борат за пласман од 9. до 16. место, а која екипа ќе се бори за пласман од 17. до 21. место. Натпреварите ќе се одржат в недела, 28.2.2021 година (спортска сала Бранители 2011-Крива Паланка) во следните термини:

11:30     ЖКК Крива Паланка – ЖКК Вардар

13:30     ЖКК Вардар – ЖКК Бадел 1862

15:30     ЖКК Бадел 1862 – ЖКК Крива Паланка

 

Ги покануваме љубителите на женската младинска кошарка да ги проследат натпреварите преку LIVE STREAM на линкови коишто дополнително ќе ги објавиме, а на кошаркарките им посакуваме успех на претстојните натпревари.

 

 

24.02.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862