Во својата младинска школа, ЖКК Бадел 1862 со голема љубов и посветеност работи на градење на  индивидуи со здрав, спортски дух уште од најмали нозе. Поттикнува развој на припадност, идентитет, тимски дух и одговорност кај младите индивидуа.

Клубот учествува во сите лиги во државата, континуирано обезбедувајќи ги сите услови за раст и развој на професионалниот и личниот пат на кошаркарките.

 Свесни за важноста на психичкото, покрај физичкото здравје на младите, клубот започнува со проектот Растеме со кошарката” кон крајот на 2019 год.

Овој проект е  наменет за психосоцијална поддршка на кошаркарките во тимот.

Целта на проектот се индивидуална и групна психосоцијална поддршка во насока на раст и развој на индивидуата и тимот како целина.

Во рамки на проектот се реализираат психолошки работилници со младинската лига и се работи на градење на тимскиот дух преку соодветни проектни активности.

До сега се направени повеќе активности на различни локации и различни теми – самодоверба, мотивација, анксиозност, емоции, итн.  

 Интересот на спортистките, нивната посветност и задоволство од досегашните активности во рамки на овој преокт, претставуваа мотивација за клубот да продолжи  да инвестира на ваков начин во младите кошаркарки. 

Тоа е доказ дека апсолутно е потребен еден интегриран пристап во спортот, внимавајќи на сите аспекти на развој на младата личност.

Особено во периодот на кризата со Covid-19психолошките и медицинските  статистики потврдуваат дека  младите се изложени на големи  ризици и последици по нивното физичко и ментално здравје.

Во услови на криза предизвикана од  Covid-19 голем дел од нив не беа во контакт со пријатели, другари од спортскиот тим за да го заштитат своето  здравје и здравјето на своите најблиски.

Можностите за социјална комуникација кои ги имаат младите со користење на социјалните мрежи сепак не можат да го заменат контактот во живо, на спортски тренинг или чувството на победа на натпревар.

Освен ова, современата медицинска и психолошка наука потврдува дека на спортистите како личности кај кои е развиена кинестетската интелигенција лишеноста од физичка активност може да предизивка повишено ниво на стрес во организмот, што резултира со намалување на имунитетот кај единката и потенцијално развивање на различни болести.

Токму затоа преку овој проект нудиме активности кои ќе им ја олеснат состојбата на овие млади лица, односно ќе ги поддржат за да можат поуспешно да се справат и да ги прифатат предизивиците на новото време, на еден здрав и фунционелен начин, во насока на зачувување на нивото психичко здравје и добросостојба.

Работилниците ги водат психолозите Андријана Павловска Темелковска и Сандра Крстиќ, под менторство на искусниот училишен психолог и психотерапевт Ана Попризова. 

 

23.02.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862