Во услови на светска пандемија со КОВИД 19, спортистите од целиот свет, поради различното рестриктивно ниво на мерки за заштита од вирусот, принудени се на различни начини и со различна диманика да ги обавуваат своите спортски активности.
Вечерва, свој заеднички online тренинг одржаа младинските екипи на ЖКК Бадел 1862 и пријателската екипа на POS SV NURNBERG, од Нирнберг, Германија.
Тренингот беше организиран и воден од тренерите на POS SV NURNBERG и Александра Стојановска, тренер во младинската школа на ЖКК Бадел 1862.
Со одржувањето на овој заеднички тренинг, се потврдува и продлабочува искрената пријателска соработка на ЖКК Бадел 1862 и POS SV NURNBERG.
На нашите спортски пријатели од Нирнберг им посакуваме многу здравје и успеси на кошаркарските терени.
12.02.2021 година
ЖКК БАДЕЛ 1862