Репрезентативката и една од најдобрите македонски кошаркарки Александра Стојановска повторно во сино-жолтиот дрес на БАДЕЛ 1862!!! По ангажманот во Фламуртари-Албанија и по успешната рехабилитација по повредата на скочниот зглоб, се врати во татковината и по пауза од 2 години повторно ќе ја гледаме во домашното првенство.

Александра добре дојде!

1. Како се чувствуваш по потпишувањето на договорот и кои се твоите очекувања оваа сезона?

– Среќна сум што повторно сум дел од овој колектив, кој воедно ми пружа шанса за мое враќање на терен. Моите очекувања пред се, се да оваа сезона продолжи успешно и да сите останеме во добро здравје поради целата ситуација со пандемијата. Исто така, верувам дека ќе се бориме заедно и ќе го дадеме максимумот за да освоиме нова шампионска титула!

2. Ти си и тренер во младинската школа на Бадел. Како е истовремено да си и играч и тренер на почетници?

– Искрена да бидам, малку е напорно, бидејќи е голема одговорност и бара големо посветување да се постигне и тоа и тоа. Но, мене ми претставува задоволство што можам да го пренесам моето знаење и играчко искуство на младите генерации, па затоа се трудам да бидам успешна во двете работи.

3. Порака за сите деца кои сакаат да тренираат кошарка и нивните родители?

– Порака до родителите: носете ги децата да спортуваат, нека пробуваат различни спортови за на крај тие самите да одлучат што најмногу сакаат и да продолжат со правилно развивање. А, порака до сите деца, да не се откажуваат лесно, да веруваат и вложуваат во себе, да бидат упорни во тоа што го сакаат, бидејќи само така може да прераснат во професионални играчи.

 

03.02.2021, Скопје

ЖКК Бадел 1862