Во натпревар од Првата женска кошаркарска лига, група Запад, екипата на ЖКК Бадел 1862 ја побед екипата на ЖКК Пантери со резултат 91:29 (24:6, 24:10, 24:8, 19:5).

Поради отсуство на сениорките коишто се наоѓаат на репрезентативни подготовки, екипата на ЖКК Бадел 1862 настапи во состав во којшто доминираа кошаркарките од младинскиот погон.

Дебитантски настап во сениорскиот тим имаа 14 годишните Јована Димковска и Зара Стојковска, којашто својот деби настап го круниса со 7 постигнати поени.

Најефикасна на натпреварот беше 16 годишната Мартина Маркоска со постигнати 31 поен. Во листата на стрелците се запишаа и Сара Максимовска со 19 поени, Марија Димитријевиќ со 13 поени, Марија Николов со 11 поени, Сандра Лазаревска со 6 поени, Јана Петрова и Стефани Цветановска со 2 поени. Најефикасни во екипата на ЖКК Пантери беа Личина со 16 поени и Захиповиќ со 7 поени.

27.01.2021, Скопје

ЖКК Бадел 1862