Во заостанат натпревар од Првата женска кошаркарска лига, група Запад, екипата на ЖКК Бадел 1862 ја побед екипата на ЖКК Шкупи со резултат 115:31 (37:10, 27:6, 30:7, 21:8).

Во нерамноправен натпревар, кошарките на ЖКК Бадел 1862 ја забележаа четвртата победа во овогодинешното првенство и го задржаа 100% ефект. Тренерот на баделки во голем дел од натпреватор им пружи шанса за докажување и на кошаркарките од младинскиот погон на ЖКК Бадел 1862.

Најефикасна на натпреварот беше 15 годишната Марија Николов со постигнати 25 поени. Свој придонес во победата дадоа и Цветанка Димова со 21, Сара Максимовска со 17, Драгана Јоловиќ со 15, Сања Адамовска со 13, Мартина Маркоска со 7, Јана Петрова и Марија Димитријевиќ со 6 и Стефани Цветановска со 5 поени. Најефикасни во тимот на ЖКК Шкупи беа Цури со 18 и Салиу со 7 поени.

22.01.2021, Скопје

ЖКК Бадел 1862